ИМАШЕ 27 ГОДИНИ Синот на ѕвездата на сапуниците пронајден мртов
Според извештајот кој магазинот „Пипл“ го добил од Канцеларијата на вештаци во Лос Анџелес, Харисон во понеделникот бил пронајден на паркинг во Лос Анџелес.
Харисон Вагнер, синот на ѕвездите од сапунската опера „Општата болница“ Џек и Кристин Вагнер, почина на 27-годишна возраст.
Според извештајот кој магазинот „Пипл“ го добил од Канцеларијата на вештаци во Лос Анџелес, Харисон во понеделникот бил пронајден на паркинг во Лос Анџелес. Неговата обдукција сѐ уште е во тек, а причината и начинот на смртта не се соопштени.
Џек и Кристина се венчаа во 1993 година, а се разведоа во 2006 година и останаа пријатели со текот на годините. Покрај Харисон, поранешната двојка има и 31-годишен син Питер, а Џек ја има и ќерката Кери од претходната врска.
View this post on Instagram
Непосредно пред последната објава на Харисон на Инстаграм на 22 мај, на која селфито го потпишал: „Фокус. Oстана со себе и со своите мисли“, неговата мајка Кристина напиша дека последен пат со синовите на семејниот ранч го поминала пред да се преселат.
View this post on Instagram
„Горко-слатко збогување од местото коешто 25 години го нарекувавме ранч Вагнер. Бодликавата убавина на пустината и пејзажот опкружен со национални шуми отсекогаш нè потсетувале дека постои мир кога ви потребен“, напишал тој со фотографиите од себе, Харисон и Питер.
ФОТО: Инстаграм