ЛЕВИЦА УТРЕ ОРГАНИЗИРА ПРОТЕСТ ЗА ЛАМБЕ ВО БИТОЛА Отфрлање на кривичната и МНР да испрати протестна нота до амбасадорот

Бараме Министерството за надворешни работи да врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, поради континуирано негирање на македонскиот народ, кое кулминираше со отворањето на клуб во чест на крвникот на македонската кауза, Ванчо Михајлов.

300

„Згрозени од неоврховизмот на актуелната власт и министерот Оливер Спасовски, кој веднаш побара притвор за палењето на фашистичкиот клуб, Локалниот огранок на Левица во Битола повикува на протест за ослободување на Ламбе Алабаковски“, се вели во објава на партијата на Фејсбук.

Протестот на Левица е закажан за утре, пред Полициската Станица во Битола, во 18:00 часот. Еве што тие бараат.






„Бараме отфрлање на кривичната пријава поднесена против Ламбе Алабаковски.

Бараме итно процесуирање на кривичната пријава на Левица против претседателот на клубот „Ванчо Михајлов”, поради излагање на подбив на македонскиот народ и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Бараме Министерството за надворешни работи да врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, поради континуирано негирање на македонскиот народ, кое кулминираше со отворањето на клуб во чест на крвникот на македонската кауза, Ванчо Михајлов.

Ја повикуваме целокупната здраворазумна јавност, Битолчани и Битолчанки, кои се гордеат со антифашистичкото минато на градот на Стив Наумов, да покажат дека Битола е град на антифашизмот!“, стои во постот на Фејсбук.

 

Поврзани содржини