НАВИВАЧИТЕ НА СИТИ ГО НАПАДНАА ОЛСЕН Инцидент на стадионот „Итихад“ (ВИДЕО)

Манчестер сити сака да му се извини на Олсен, кој бил нападнат за време на прославата. Клубот веднаш почна истрага и ќе ги пронајде лицата, по што ќе им забрани влез на стадионот, соопштија од клубот.

826

Манчестер сити е новиот шампион на Англија. Тимот ја совлада Астон Вила со 3-2, но во моментот кога навивачите тргнаа да прослават, тие направија тежок инцидент. Го нападнале голманот на Астон Вила, Робин Олсен и го удриле во главата.

 






Наскоро стигна извинувањето од Сити.

„Манчестер сити сака да му се извини на Олсен, кој бил нападнат за време на прославата. Клубот веднаш почна истрага и ќе ги пронајде лицата, по што ќе им забрани влез на стадионот“, соопштија од клубот.

Поврзани содржини