ЏОРЏ БУШ ЈА НАРЕЧЕ УКРАИНА „ИРАК“ Публиката се засмеа на лапсусот (ВИДЕО)

Мислам, Украина де, одмавна Буш со главата за да ја поправи реченицата во која ги критикуваше Путин и војната.

304

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот во свој говор денеска во градот Далас рече дека „ова е брутална и неоправдана инвазија на Ирак… мислам, Украина“. Лапсусот предизвика лавина коментари и смеа на социјалните мрежи.

 






– Резултатот (на таквиот систем во Русија) е недостатокот на контрола и рамнотежа, што му овозможи на еден човек да изврши целосно неоправдана и брутална инвазија на Ирак – рече Буш, а потоа одмавна со главата и се поправи:

– Мислам, Украина де.

Не е првпат американски претседател да направи лапсус или бисер пред медиумите. Годинава актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, во два наврати се ракуваше со воздухот, а познати се и неговите силни изјави во врска со Украина кои на неколку пати Белата куќа мораше да ги „испегла“.

Поврзани содржини