ПРЕМИЕРОТ ГО ПОВИКА СОНК БРЗО ДА ГИ ПРИФАТИ УСЛОВИТЕ Зголемувањето на платите од 15 отсто е историско
Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21 отсто зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието. До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4 отсто, без глобални кризи.
Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.
„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15 отсто, почнувајќи од септемвриската плата.