ПОБЕДИВМЕ ТОГАШ, ЌЕ ПОБЕДИМЕ И СЕГА Зеленски со моќна порака на улиците на Киев (ВИДЕО)

Се бориме за нова победа. Патот до него е тежок, но не се сомневаме дека ќе победиме, вели Зеленски снимен како шета по улиците на Киев.

254

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака во која ја одбележа победата над нацистичка Германија во Втората светска војна велејќи дека неговата земја ќе ја добие војната со Русија, јавува Би-Би-Си.

Зеленски, исто така, рече дека Украина нема да ѝ даде „ниту еден дел од нашата земја“ на Русија.

 






– Се бориме за нова победа. Патот до него е тежок, но не се сомневаме дека ќе победиме – вели Зеленски снимен како шета по улиците на Киев.

Овој говор на Зеленски доаѓа како контратежа на краткиот говор на Путин во Москва, каде рускиот претседател рече дека окупацијата на Украина била навремена и неопходна бидејќи Западот бил закана и наводно планирал окупација на Русија заедно со Крим.

Поврзани содржини