ЌЕ СВЕТИ СЕКОЈА ВТОРА БАНДЕРА Јакимовски го смени моделот на штедење струја

Почнувајќи од викендов, светло ќе има од 19.45 до 4.45 часот – рече Јакимовски.

307

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски го смени моделот на штедење струја. Од овој викенд нема целосно да се исклучува уличното светло, туку ќе свети секоја втора светилка.

– По барање на граѓаните, имав средба со урбаните заедници и беше предложен нов модел на штедење, односно да не се исклучува целосно светлото. Фирмата која го одржува уличното светло кажа дека постои можност да свети секоја втора светилка. Почнувајќи од викендов, светло ќе има од 19.45 до 4.45 часот – рече Јакимовски.






Жителите на Карпош неколку недели реагираа поради тоа што после 1 часот по полноќ комплетно се гасеше уличното осветлување поради што стравуваа за својата безбедност.

Поврзани содржини