ПУТИН ИМА ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ ЗА 9 МАЈ Анексија, референдуми и објавување нова војна

Анексија на Доњецк и Луганск, но и лажиран референдум за нивно отцепување заедно со регионот Херсон се едни од потезите кои Путин може да ги повлече до средината на месецот. Воената парада на 9 мај, пак, е одлично алиби за да се повика на општа мобилизација и на „војна против нацистите“.

3,951

Путин би можел да ѝ објави нова војна на Украина на 9 мај, за да има алиби да мобилизира уште резервисти во „војна со нацистите“, а до средината на месецов и да организира референдуми за припојување на Доњецк и Луганск, па дури и јужниот регион Херсон кон Русија. Ова за медиумите го потврди Мајкл Карпентер, американскиот амбасадор во ОБСЕ. Според него, референдумите ќе бидат фалсификувани слично на оној за припојување на полуостровот Крим во 2014 година.

Разузнавачките информации од американските тајни служби Карпентер ги смета за прилично веродостојни.






– За жал, при презентирањето на следните чекори (на Русија) бевме почесто во право отколку што не бевме – изјави Карпентер.

Американските служби  тврдат дека Русите минатата недела имале мал напредок до Донбас и дека освоиле само неколку села, но дека Украинците брзо ги вратиле под своја контрола. Според американското Министерство за одбрана, во неколку дневна посета на Донбас минатата недела бил и шефот на Генералштабот на руската армија, Валери Герасимов.

Се шпекулира оти Украинците ја гранатирале руската командна централа јужно од Харков во која Герасимов се стренал со руски воени команданти, но поверојатно е дека Герасимов веќе си заминал од централата во времето на бомбардирањето.

Поврзани содржини