НЕ ВЕ ПЛАЌАМЕ ДА НЀ СРАМИТЕ! Куновска за трите „корпи“ на Арифи за амбасадор
Вчера беше објавено дека е одбиениот предлог Теута Арифи да биде амбасадор на земјава во Турција. Претходно имаше информација дека агреман за неа не е добиен од Вашингтон и од Брисел.
Aктерката Софија Куновска, поранешена висока функционерка во СДСМ на својата фејсбук страна го коментираше одбивањето од страна на 3 држави Теута Арифи да биде поставена за амбасадор.
„СРАМ! Да се номинра три пати човек за амбасадор и три пати да биде одбиен од различни држави не е проблем на кандидатот туку на оној кој го кандидира.
Евидентно дека приватните интереси се над државните.
Османи постапува неодговорно, но секако тоа не е без согласност на државниот врв.
Не ве плаќаме за да ни нанесувате ваков срам“, пишува актерката.
Вчера беше објавено дека е одбиениот предлог Теута Арифи да биде амбасадор на земјава во Турција. Претходно имаше информација дека агреман за неа не е добиен од Вашингтон и од Брисел.