ВОЗЕЛ 176 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Казнети 92 возачи на автопатот Куманово-Скопје-Велес

410

На автопатот Куманово-Скопје-Велес полицијата денеска спровела зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 92 возачи.

Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Од фотографијата што ја сподели МВР, се гледа дека едно возило по автопатот се движи со брзина од 176 километри на час.  Засилените акциски контроли, како што велат од МВР,  продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Поврзани содржини