И АНКАРА ЈА ОДБИ ТЕУТА АРИФИ Трет неуспешен обид за амбасадор

4,595

Се чини дека Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби Арифи да биде амбасадор на Северна Македонија во Турција, објави весникот „Коха“.

Официјални извори за весникот информирале дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат Арифи амбасадорка во Анкара, Турција, а официјалниот одговор од таму бил брз – акредитивните писма на амбасадорот нема да бидат одобрени.

 

Поврзани содржини