ОВА Е НАПАД НА МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА Шолц вели дека санкциите ќе се укинат кога Русите целосно ќе се повлечат
Канцеларот нагласи и дека санкциите се многу ефикасни и оти Русија забележува дека тие нанесуваат голема штета на нејзините можности за економски развој.
Нападот врз Украина е напад врз меѓународната заедница како целина, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц пред Јапонската стопанска комора. Според него, санкциите против Русија ќе бидат укинати дури по повлекувањето на руските војници од Украина.
Канцеларот нагласи и дека санкциите се многу ефикасни и оти Русија забележува дека тие нанесуваат голема штета на нејзините можности за економски развој.