СКОПЈЕ ИМА НАЈУБАВИ ФАСАДИ Македонска фирма победи на европски натпревар за фасади
PMG Construction од Скопје на натпреварот учествуваше со два проекти во две различни категории, победничкиот „Букурешка" во категорија домувања во повеќесемејни станбени објекти и второпласираниот „Фотевски" во категорија воодушевени од текстурата.
На натпревар за избор на најубави фасади во Европа кој секоја втора година се одржува во Валенсија, Шпанија прво место освои објект за колективно домување лоцирана во скопската населба Тафталиџе изработена од „PMG Construction“ од Скопје, информираа од Сојузот на стопански комори
Компанијата на натпреварот учествуваше со два проекти во две различни категории, победничкиот „Букурешка” во категорија домувања во повеќесемејни станбени објекти и второпласираниот „Фотевски” во категорија воодушевени од текстурата. „Букурешка” се натпреваруваше со 80 други проекти, додека „Фотевски” со 36 други проекти. „Букурешка” освои 7.749 поени, а „Фотевски“ освои 7,652 поени.
Апсолутен победник во сите категории, вкупно 6, во кои се натпреваруваат 300 проекти од 23 земји во Европа со најмногу освоени поени е објектот „Букурешка”, додека второпласирана во генералниот пласман е објектот „Фотевски”.
Европското првенство се организира на секои 2 години, за да ги избере најубавите БауМит фасади, а со тоа да докаже дека квалитетот, услугата и задоволството се вреднуваат, како за инвеститорите, така за архитектите и изведувачите.
Браќата Мартин и Пеце Ристевски, се сопственици на фирмата „PMG Construction“. Тие како млади претприемачи до 30 години беа номинирани и избрани помеѓу 30 најуспешни бизнисмени под 30 години на Business Elite Awards under 30 in Europe 2022.
Наградата ќе ја подигнат во септември оваа година во Атина, Грција.