ОБЛАЧНО И СТУДЕНО Температура до 11 степени
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 9 степени.