ШТО ГЛЕДАА МОЖНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ ВО ХЕЦ „ЧЕБРЕН“? Во септември ќе се знае кој од нив ќе ја гради (ВИДЕО)

До крајот на септември  годинава се очекува да се избере компанијата која ќе биде дел од јавно-приватно партнерство со ЕСМ за изградба на хидроелектраната Чебрен.

187

Компаниите кои се заинтересирани за градење на хидроелектраната Чебрен ја посетија локацијата на Црна Река во Мариово каде што, според проектот, треба да се гради електраната, информира денеска ЕСМ.

-На терен беа претставници на компаниите кои се квалификуваа во првата фаза. Притоа, имаа можност да извршат извидување на околината, дополнителни мерења и земање примероци од геолошки материјал. Локацијата исто така е слободна за посета од страна на квалификуваните понудувачи, за потребите на проценки и подготовки во пресрет на доставувањето на конечните понуди – информираа од ЕСМ.






Со понудувачите беше одржан и состанок со Комисијата, во согласност со тендерската документација и процедурата за избор на најповолен понудувач.

Од ЕСМ информираа и дека во наредниот период се очекуваат понудите на деветте компании кои ја поминаа првата фаза на квалификација, а до крајот на септември  годинава се очекува да се избере компанијата која ќе биде дел од јавно-приватно партнерство со ЕСМ за изградба на хидроелектраната Чебрен.

Поврзани содржини