ГРАД СКОПЈЕ ПОДДРЖА 177 ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРАТА Арсовска го објави списокот, ќе бидат потрошени 220.000 евра

Во областа на музичките уметности поддржани се 65 проекти со вкупна вредност од 6.433.000 денари. Во издавачката дејност и библиотекарство поддржани се 20 проекти со вкупна вредност од 960.000 денари, и тука најмногу пари, по 100.000 денари добија „Антологија на македонската рок поезија – 1967 – 2022“ на Тошо Филиповски, и „Оптимизација на самоглас за слепи и лица со оштетен вид“ на Здружение за афирмација на уметност ФЛУКТУС Скопје.

163

Град Скопје подржа 177 проекти од култура од 564 апликации кои пристигнале на ланскиот повик, а за проектите ќе потроши 220.000 евра. Поддршката за поединечен проект е од 25.000 денари до милион, а оваа најголема сума ја добиле фестивалите „Златно славејче“ и „Фјужн фестивал 5“. Еве го списокот на финансирани проекти.

Куриозитет во програмата е што во категоријата изведбени уметности е поддржан „Илинденски марш 2022“, за што Здружението за традиционално организирање на Илинденски марш добило 100.000 денари.






Неколку организации добиле пари за проекти во различни категории, но тоа како практика се среќавало и лани и други години.

Во областа на визуелните уметности и уметност на новите медиуми поддржани се 29 проекти со вкупна вредност од 1.482.000 денари. Во областа на изведбените уметности поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од 2.785.000 денари, и во оваа категорија најмногу доби „Интерарт културен центар“, вкупно 600.000 денари, од кои 300.000 се за годишната програма, а  300.000 за осумнаесеттото издание на Танц Фест Скопје.

Во областа на музичките уметности поддржани се 65 проекти со вкупна вредност од 6.433.000 денари. Во издавачката дејност и библиотекарство поддржани се 20 проекти со вкупна вредност од 960.000 денари, и тука најмногу пари, по 100.000 денари добија „Антологија на македонската рок поезија – 1967 – 2022“ на Тошо Филиповски, и „Оптимизација на самоглас за слепи и лица со оштетен вид“ на Здружение за афирмација на уметност ФЛУКТУС Скопје.

Во меѓународната соработка поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од 1.100.000 денари, а во областа на културниот туризам, промоција на културното наследство и музејска дејност поддржани се 15 проекти со вкупен износ од 540.000 денари.

Поврзани содржини