ВИДЕО ОД НАЧАЛНИКОТ МИТАЏИЈА И КОЛЕГАТА НА БЛАЦЕ Се „офајдија“ за 120 евра, а заработија кривични пријави и суспензија
Како што соопшти МВР, полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.
Телевизија Клан синоќа во емисијата го емитуваше видеото за наводниот Елхам Шкрета кој бил снимен од новинар на телевизиајта кој се претставил како патник. На крајот на началникот му оставаат вкупно 120 евра.
❗️Се сеќавате на Раководителот на смена на Блаце, Шкрета Елхам оној што му даваше БЕСА на Заев ?
❗️Еве го вечерва на работа, снимен како зема 120евра мито. 💶
–
📽 Гледај после 22ра минута 👉https://t.co/9a9qoLuMHz pic.twitter.com/buz4vttqYC— Демир (@Trollowsky) April 12, 2022
МВР соопшти дека ќе покрене кривична пријава за примање поткуп за него (Е.Ш) и неговиот колега, другиот полицаец од видеото, З.Р. Ќе биде покрената и постапка за утврдување дисциплинска одговорност. Двајцата полицајци се суспендирани.
Според МВР, полициските службеници до завршување на дисциплинската постапка се отстранети од работното место согласно одредбите од Колективниот договор на Министерството.
„Во врска со случајот со земање поткуп на граничниот премин Блаце, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со надлежното обвинителство, како и службите за внатрешна контрола на Република Косово и Република Албанија, го документираше кривично правниот настан и изврши службени разговори со полициските службеници“, информира МВР.