ПУТИН МУ ЧЕСТИТАШЕ НА ЛУКАШЕНКО Притисоците на Западот ја зајакнуваат нашата интеграција

1,009

Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати честитка до белорускиот колега Александар Лукашенко по повод Денот на единството на народите на Белорусија и Русија, во кое ја потенцира важноста од координација на напорите на меѓународната сцена и зајакнување на одбранбените потенцијали на Москва и на Минск.

Во писмото Путин истакнува дека Русија и Белорусија се соочуваат со невиден надворешен притисок и посочи дека најдобар одговор на, како што наведе, „непријателските дејствија“ треба да биде зајакнување на интеграцијата.






– Сигурен сум дека најдобар одговор на непријателските дејствија на голем број земји треба да биде сеопфатното зајакнување на руско-белоруските врски, зајакнувањето на заемно корисните интегративни процеси и билатералната соработка во сите области – истакна Путин.

Поврзани содржини