ДОДЕКА НЕМА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ Радев смета дека Бугарија треба да продолжи со ветото за Македонија

Претседателот исто така рече дека очекува од бугарската Влада на покатегоричен начин да го заштити националниот интерес на земјата.

442

Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија, изјави дека разговарал со него оти треба да се преземат јасни конкретни дејствија за решавање на проблемите со македонските Бугари, за искоренување на говорот на омраза, за ревизија на учебниците, но и додека нема јасни ставови од македонска страна, ветото ќе остане.

– Има определен напредок во нашата работа. Тие проблеми, благодарение на упорноста на Бугарија, се осознаваат и се претвораат во ангажман на ЕУ. Прашањето е со какви инструменти ќе се гарантира заштитата на нашиот интерес – оцени Радев.






Радев исто така рече дека очекува од бугарската Влада на покатегоричен начин да го заштити националниот интерес на земјата.

Во врска со објавените резултати од пописот во Северна Македонија, Радев оцени дека „тоа е уште еден доказ за обесправеноста на Бугарите во Северна Македонија, кои не смеат јавно да се изјаснат дека се Бугари, во ситуација кога над 120.000 лица докажале со документ дека се по потекло Бугари“.

Тоа, според Радев, значи дека Бугарија треба да продолжи со политиката на вето за започнување преговори за членство, додека не добие јасни гаранции за тоа.

Поврзани содржини