РУСИТЕ НЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ, САМО ГИ ПРЕРАСПОРЕДУВААТ ТРУПИТЕ Американците не веруваат во повлекувањето на руската армија

Портпаролката на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, изјави дека Русија ги прераспоредува своите војници во Украина, а не ги повлекува.

440

Русија почна да преместува мал број војници од позициите околу украинскиот главен град Киев, соопшти синоќа Пентагон, притоа оценувајќи дека тоа е повеќе прераспоредување отколку повлекување од позициите.

Портпаролката на Белата куќа, Кејт Бедингфилд, изјави дека Русија ги прераспоредува своите војници во Украина, а не ги повлекува.






– Имаше ли движења на некои руски единици од Киев во изминатиот ден или нешто слично? Да, така мислиме. Мал број – истакна портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, на брифингот со новинарите.

– Ние веруваме дека ова е репозиционирање, а не вистинско повлекување и дека сите треба да бидеме подготвени за голема офанзива во другите области на Украина. Тоа не значи дека заканата кон Киев е завршена – нагласи Кирби.

Во меѓувреме е издадено предупредување од Стејт департментот, дека Москва може да приведува американски граѓани во Русија, советувајќи ги Американците да не патуваат во таа земја.

Во препораката за патување се наведува и дека предупредувањето е поради „неиспровоцираната и неоправдана инвазија врз Украина од страна на руските воени сили“, како и поради можноста руските власти да ги вознемируваат американските граѓани.

Американците кои се наоѓаат моментално во Русија, повторно беа повикани да ја напуштат земјата „веднаш“.

Поврзани содржини