МЕСИ НАЈАВУВА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Аргентинецот ги уплаши фановите со својата изјава
По натпреварот, првата ѕвезда на Аргентина проговори за својата иднина, истакнувајќи дека по Светското првенство ќе размислува за многу работи.
Фудбалската репрезентација на Аргентина синоќа да ја победи Венецуела со 3-0, а еден од најдобрите фудбалери на светот Лионел Меси успеа со еден гол да се запише во листата на стрелци.
По натпреварот, првата ѕвезда на Аргентина проговори за својата иднина, истакнувајќи дека по Светското првенство ќе размислува за многу работи.
– Сега размислувам само за следниот натпревар, за Еквадор. По Светското првенство ќе треба да размислам за многу работи – вели Меси.
Медиумите од Аргентина оваа изјава на Меси веќе ја протолкуваа како одлука со која ќе стави крај на репрезентативната кариера по крајот на Светското првенство во Катар.