МАКЕДОНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ ЗАМИНАА ЗА ПАЛЕРМО Утре ќе го одржат последниот тренинг пред мечот во четврток

Избраниците на селекторот Благоја Милевски утревечер од 19:30 часот ќе го одржат единствениот тренинг на стадионот „Ренцо Барбера“, а официјалната прес-конференција на македонскиот состав е закажана половина час претходно.

163

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер-лет замина за Палермо на полуфиналниот мундијалски бараж против Италија.

Пред заминувањето, македонските фудбалери претпладнево во Скопје го одржаа завршниот тренинг, кој беше од затворен тип на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.






Избраниците на селекторот Благоја Милевски утревечер од 19:30 часот ќе го одржат единствениот тренинг на стадионот „Ренцо Барбера“, а официјалната прес-конференција на македонскиот состав е закажана половина час претходно.

Полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар ќе се одигра в четврток со почеток во 20:45 часот.

Капацитетот на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо од 36.000 седишта ќе биде максимално исполнет, а „црвено – жолтите“ од трибините ќе имаат поддршка од околу 1.500 македонски навивачи.

Поврзани содржини