ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА СДСМ СОЗДАДОА СВОИ ОЛИГАРСИ Мицкоски ја скенира состојбата во општините

Мицкоски се надева дека конечно граѓаните ќе добијат нешто поинакво споредено со тоа што беше претходните 4 години, кога во поголемиот дел од општините неговата партија беше во опозиција.

662

Дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ изминатиов викенд работат овде во Скопје, заедно со шведската фондација „Јарл Хјалмарсон“ со која имаме долгогодишна соработка, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Разговараме за подобрување на локалните политики и подобрување на капацитетите на администрацијата, проектниот менаџмент, реализирањето на проектите коишто беа дел од изборната кампања на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Една група се сега, во следните недели, во следниот период ќе бидат опфатени сите градоначалници. Јас сум навистина многу задоволен од тоа што можеме да размениме искуства со поискусни би рекол држави, коишто се понапред од нашата држава и од таму можеме, врз основа на тие искуства да ги подобруваме капацитетите на локално ниво – вели тој.






Мицкоски се надева дека конечно граѓаните ќе добијат нешто поинакво споредено со тоа што беше претходните 4 години, кога во поголемиот дел од општините неговата партија беше во опозиција.

– Иако изминативе 4 месеци откако се направи детален скрининг и мапирање на сето она коешто го наследија градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, можеме да кажеме дека се соочуваме со многу проблеми. Практично изминативе 4 години на локално ниво се создадени олигарси од градоначалниците кои претходно беа на тие позиции од редовите на СДСМ. Но не го зборувам ова за да се жалиме, туку да кажеме дека општините не постојат за градоначалниците, туку дека градоначалниците постојат за народот и така ќе продолжат да функционираат – изјави Мицкоски.

– Обвинувањата кон МВР се темелат на катастрофата која ја имаме. Постои тивка коалиција на криминалот со раководството на МВР – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Уште во 2017-та или 2018-та година на спектакуларен начин било откриено дека во обвинителството и во основен суд 1 Скопје биле прислушкувани судии, обвинители каде биле откриени тајни централи за снимање на разговори.

Мицкоски потенцираше дека дебаклот на министерот Спасовски започна уште од тогаш каде излезе и рече дека сето тоа е на сигурно и дека сторителите многу скоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата, но од таа работа ни трага ни глас нема за жал, па сѐ до овие последни пасоши кои се раздаваа на белосветски и балкански наркобосови итн.

– Имаме една сериозна спрега помеѓу криминалот и за жал раководството на министерството за внатрешни работи. Покрај криминалот и корупцијата, парите и провизиите немаат боја a тогаш и колнењето престанува – заклучи Мицкоски.

Што се однесува до владината уредба за воведување на двојазични униформи, тој смета дека тука власта се обидува да направи дефокус од поважните теми.

– Тоа нема да го намали бројот на автобуси кои ја напушттаат Македонија со млади луѓе од Тетово Дебар, Гостивар, Струмица, Виница, Битола и тоа е уште еден обид преку поделба на народот да се сокрие пљачката која ја спроведува власта преводена од СДСМ и ДУИ – потенцира Мицкоски.

Поврзани содржини