СО КОЊ ПРЕД МЕНЕ НОСАТ ДРВА Јорданов и полицијата како на филм бркаа дрвокрадци во Штип (ВИДЕО)
Во овој дел од градот се случуваат чести кражби, сеча на дрвја. Континуирано има кражба на струја, на вода, огромна количина на отпад и ѓубре и мора да се стави крај, вели Јорданов.
Градоначаланикот на Штип Иван Јорданов заедно со полицијата денеска бркале дрвокрадци во штипско село, објави локалната Телевизија М-Нет.
Тој ги забележал и ги пријавил кај надлежните, по што следела вистинска бркотница.
– Во овој дел од градот се случуваат чести кражби, сеча на дрвја. Континуирано има кражба на струја, на вода, огромна количина на отпад и ѓубре и мора да се стави крај – вели Јорданов.