САКААТ ДА Ѝ УДОВОЛАТ НА БУГАРИЈА, НЕ НА НАРОДОТ Мицкоски вели владата ги приватизирала преговорите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека во неколку наврати ја повикувале владата на писмени гаранции и единство.

727

Преговорите со Бугарија е процес кој е приватизиран од страна на Владата и имајќи во предвид тоа што не го прифаќаат единството и декларацијата на која повика ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека сакаат да ѝ удоволат на Бугарија, а не на македонскиот народ, изјави денеска во Свети Николе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Немам информации. Генерално Владата е таа која што го приватизираше овој процес. Немаме никакви информации за ново дополнително отстапување или нови дополнителни предавства кои се подготвуваат. Ние во неколку наврати ги повикувавме на писмени гаранции, ги повикувавме на единство, ги повикувавме на декларации, но очигледно повеќе сакаат да удоволат на официјална Софија отколку на македонскиот народ, на македонската држава и на македонските граѓани – рече Мицкоски.

Поврзани содржини