УМРЕ УБИЕЦОТ НА ЧЕ ГЕВАРА Марио Теран го ловеше и го уби револуционерот
Че Гевара беше централна фигура на кубанската револуција во 1959 година, кој прерасна во интернационална икона на борбата против империјализмот.
Боливискиот војник Марио Теран, кого историјата го памети како човекот што го уби Ернесто Че Гевара во 1967 година, почина вчера на 80-годишна возраст.
Веста ја потврди и генералот Гари Пардо, кој ја преводеше групата војници која пред 54 години го зароби и го уби Аргентинецот.
Че Гевара беше централна фигура на кубанската револуција во 1959 година, кој прерасна во интернационална икона на борбата против империјализмот. Тој е роден во Аргентина, поголемиот дел од животот го помина на Куба, а по борбата во Ангола, се обиде да покрене револуција и во Боливија.