МЕ ПРАШАА КОЈА МИ Е ОМИЛЕНА ПЕСНА, А ЈАС ИМ РЕКОВ „ЈОВАНО, ЈОВАНКЕ“ Прекрасно ме пречекаа во Лондон
Не знаев дека на толку убав начин ќе ме пречекаат во Велика Британија. Гестот на воениот оркестар беше прекрасен, оти мојата омилена песна е „Јовано, Јованке“. Таквиот гест доликува на две пријателски земји, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.
Неколку дена пред да отпатувам во Лондон ме прашаа која ми е омилена песна, а мене „Јовано, Јованке“ ми е омилена, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното гостување во емисијата „Клик Плус“.
– Не знаев дека на толку убав начин ќе ме пречекаат во Велика Британија. Гестот на воениот оркестар беше прекрасен, оти мојата омилена песна е „Јовано, Јованке“. Таквиот гест доликува на две пријателски земји. Жалам поради тоа што дел од јавноста го засени овој гест со недолични коментари. Веднаш почнаа со осуда, а последниот период сме сведоци и на организирани напади врз Армијата и врз Министерството за одбрана. Сакам да укажам, исто како што информираше и британската Амбасада, химната се свири само кога се пречекува претседател или премиер на земја. Посетата помина во големо пријателство како и што доликува – рече Петровска.