НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ТОЛЕРИРАМЕ ТАЈВАН Ние сме една држава, два системи

Ние сме цврсто посветени на мирно обединување врз основа на принципот „една држава, два системи“. Ќе ги вложиме сите напори за мирно повторно обединување на двете страни на Тајванското Море, но никогаш нема да толерираме сепаратистички сили кои бараат независност на Тајван, обидувајќи се да ја поделат татковината, рече Ву.

504

Кина е цврсто посветена на мирното обединување со Тајван и никогаш нема да ја толерира „независноста“ на Тајван, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за одбрана Ву Чиан, пренесе Танјуг. За него Тајван и Кина се „една држава, два системи“.

– Ние сме цврсто посветени на мирно обединување врз основа на принципот „една држава, два системи“. Ќе ги вложиме сите напори за мирно повторно обединување на двете страни на Тајванското Море, но никогаш нема да толерираме сепаратистички сили кои бараат независност на Тајван, обидувајќи се да ја поделат татковината – рече Ву.






Тој нагласи дека во светот постои само една Кина, дека Тајван е нејзин составен дел и дека сонародниците од двете страни на Тајванското Море имаат заедничка судбина и „по крв се браќа“.

Чиан исто така нагласи дека прашањето за Тајван е исклучиво внатрешно прашање на Кина, а странското мешање е неприфатливо.

– Колку повеќе САД и Јапонија прават врева за проблемот со Тајван, толку потешко ќе дејствуваме за да го заштитиме националниот суверенитет и територијалниот интегритет – заклучи Ву.

Поврзани содржини