МОЖНИ СЕ НОВИ ВОЗВРАТНИ МЕРКИ ОД МОСКВА Секојдневно добиваме поддршка од стотици Македонци

Нашата амбасада секојдневно добива зборови на поддршка од стотици обични македонски граѓани. Тие изразуваат разбирање за мотивите на специјалната операција за заштита на жителите од Донбас, спроведено од Русија и солидарност со рускиот народ. Јас сум благодарен на сите за искажаниот став, рече рускиот амбасадор во земјава Сергеј Бездникин.

1,545

Ставањето на Република Северна Македонија на списокот на Кремљ на непријателски држави е само почеток и можни се и други возвратни мерки од Москва.

Ова рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Бездникин, го рече во гостувањето на Сител, коментирајќи ги илјадниците санкции со коишто се соочи Русија во изминатиот период.






– Списокот е јавно објавен согласно указот на рускиот претседател Владимир Путин, а ситуацијата била разгледувана сеопфатно за секоја земја посебно. Во случајот со Северна Македонија, веста за снабдување на Украина со воени средства и опрема е неоправдан ризик за безбедноста. Против Русија се води војна со лажни вести – истакна рускиот амбасадор.

Тој потврди дека во понеделникот бил повикан во македонското Министерство за надворешни работи (МНР) и дека имал средба со функционер на МНР, како и дека дал сеопфатни одговори на сите прашања што му биле поставени.

– Спремен сум да одговарам на секое прашање за односите помеѓу двете земји. Чекам средба и со премиерот Димитар Ковачевски. Трабеше да се сретнеме во јануари, ама средбата се одложи поради негови обврски. Со претседателот Стево Пендаровски кусо се видовме и разменивме неколку реченици. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, пак, во изминатиот период даде широк спектар на изјави за односите со Русија. Тоа е негово право. Ние сме подготвени да ги браниме нашите позиции врз основа на принципите на взаемност и меѓусебно почитување. Не се согласувам со изјавите на Османи. Единствено се согласувам со неговата изјава дека нема директни закани за Балканот – изјави Бездникин.

Амбасадорот додаде дека стотици македонски граѓани секојдневно упатуваат на поддршка.

– Нашата амбасада секојдневно добива зборови на поддршка од стотици обични македонски граѓани. Тие изразуваат разбирање за мотивите на специјалната операција за заштита на жителите од Донбас, спроведено од Русија и солидарност со рускиот народ. Јас сум благодарен на сите за искажаниот став – рече амбасадорот.

Поврзани содржини