НАЈДОБРАТА ИСТРАЖУВАЧКА СТОРИЈА ЈА ИМА СОЊА КОЛЕВСКА ДЕЛЕВСКА Доделени наградите на ЗНМ

емите за човекови права станаа наш препознатлив бренд. Ние ќе продолжиме во таа насока, особено да ги третираме проблемите на луѓето чиј глас никако не може да се слушне во општеството, истакна Колевска-Делевска.

411

Здружението на новинарите на Македонија денеска ги додели новинарските награди за 2021 година по повод 76-годишнината од своето формирање. Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, оваа година ја доби уредничката на неделникот „Фокус“, Јадранка Костова, додека добитник на наградата за најдобра истражувачка сторија „Јашар Еребара“ е Соња Колевска-Делевска од „сдк.мк“, а наградата за известување на теми од локално и регионално значење ја добија Убавка Јаневска и Даниела Саздова од „дума.мк“.

Долгогодишната уредничка на „Фокус“, Јадранка Костова, изрази надеж дека овие награди на ЗНМ можеби ќе овозможат поголем број средношколци да ја изберат новинарската професија.






– Би сакала да кажам дека можеби наградата којашто ја востанови ЗНМ ќе овозможи поголем број на средношколци да ја изберат токму новинарската професија и како квалификуван кадар да можеме да ги добиеме и ние во редакциите во внатрешноста – рече таа.

Добитничката на наградата за најдобра истражувачка сторија „Јашар Еребара“, Соња Колевска-Делевска, која се заблагодари на својата редакција за препознавањето на вакви теми, потенцираше дека ќе продолжи во истата насока во врска со темите.

– Темите за човекови права станаа наш препознатлив бренд. Ние ќе продолжиме во таа насока, особено да ги третираме проблемите на луѓето чиј глас никако не може да се слушне во општеството – истакна Колевска-Делевска.

ЗНМ секоја година доделува награди за новинари, наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, награда за истражувачко новинарство „Јашар Еребара“, и наградата којашто ја доделува од 2020 година по одлука на Управниот одбор за теми од локално и регионално значење за новинари од внатрешноста на земјата.

Поврзани содржини