ДЕНЕСКА ЌЕ СНЕЖИ Температурата ќе достигне до 5 степени
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе провејува слаб снег.
Времето ќе биде променливо облачно, во западните и јужните делови со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 0 до 5 степени.
Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во делови од котлината ќе провејува слаб снег.
Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 5 степени.