МУСЛИУ ГО ПРЕДЛОЖИЛЕ КОГА НЕ БЕВ МИНИСТЕР Тој е магистер и советник, јас го упатив

Петрит Муслиу е предложен во 2019, една година пред да дојдам јас како министер за надворешни работи, но јас го упатив. Тој е дипломиран правник и магистер по меѓународно право, советник во владата за спроведување на Рамковниот договор, изјави Османи.

992

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, вели дека Петри Муслиу, синот на аналитичарот Алберт Муслиу, не е негов предлог за да се испрати како конзул во Чикаго.

– Според закон, седницата е доверлива, не можам да коментирам дали имало само расправа, но не и одлука. Сѐ додека не се добие агреман од земјата каде што се упатува, таа не се објавува во јавноста – рече министерот.






Муслиу бил предложен на 20 декември 2019, а работно бил ангажиран како програмски менаџер и советник во Владата.

– Петрит Муслиу е предложен во 2019, една година пред да дојдам јас како министер за надворешни работи, но јас го упатив. Тој е дипломиран правник и магистер по меѓународно право, советник во владата за спроведување на Рамковниот договор – изјави Османи.

Поврзани содржини