ИНФЛАЦИЈАТА ГИ НАДМИНУВА ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ Ќе биде повисока и од европскиот просек

Јавниот долг надмина 60 отсто, вкупниот надворешен долг на Македонија е на највисоко ниво на 80 отсто. Тоа што постојано го кажуваме дека вклучено е црвеното светло во задолжувањето. А тоа е поврзани со популизмот на власта, како што гледаме сега,  ако покачувате плати на само една категорија, да не се покачат другите категории. Последиците се такви што нема лесни решенија, далеку е отидена работата, истакна Славески.

566

Зголемената минимална плата во Македонија не значи дека е зголемена куповната моќ на граѓаните, ако се земе дека цените пораснале за 5,6 отсто, а инфлацијата изнесува рекордни 6,7 отсто, смета Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ. Тој за „Анализа“ на ТВ24 предвиди и дека инфлацијата во Македонија ќе биде повисока од европскиот просек, а јавниот и надворшениот долг се на највисоко ниво во историјата, односно на 60 и на 80 отсто.

– Нашата инфлација од 1997 сѐ досега била во рамките на таа од еврозоната. Но, првите знаци дека постојат нарушувања се веќе присутни. Последниот извештај на ММФ на анализата за Македонија може да се види дека последниве две години ја губиме конкурентноста на домашната економија. Проекциите за инфлацијата во последниве неколку години е повисока од таа од еврозоната – изјави Трајко Славески.






Тој додаде дека најкритично е што сите предвидувања се дека инфлацијата ќе продолжи да биде повисока од таа на еврозоната и тогаш се доведува во прашање монетарната политика.

– Јавниот долг надмина 60 отсто, вкупниот надворешен долг на Македонија е на највисоко ниво на 80 отсто. Тоа што постојано го кажуваме дека вклучено е црвеното светло во задолжувањето. А тоа е поврзани со популизмот на власта, како што гледаме сега,  ако покачувате плати на само една категорија, да не се покачат другите категории. Последиците се такви што нема лесни решенија, далеку е отидена работата – истакна Славески.

Во однос на пензиите Славески истакна дека кога имаме расфрлање со пари на сите страни, најмалку треба да штедиме на пензионерите, а власта нема јасен предлог за пензиите и како што видовме досега на крај ќе добиеме некое популистичко решение.

Имавме долг период со нулта стапка на инфлација и тогаш немаше со што да се усогласува, единствено само со порастот на плати.

– А, да потсетам токму владата на СДСМ го смени моделот и ги исклучи платите. Сега затоа што се смени состојбата има висока стапка на инфлација – рече Славески.

Тој истакна дека усогласувањето на пензионерите треба да им ја заштити куповната моќ и затоа пензиите мора да се усогласат спрема индексот на трошоци и порастот на платите.

Поврзани содржини