ВМРО САМО СЕ РАСФРЛА СО БРОЈКИ Костадинов вели тоа што го набројаа за 100 дена е само фалење
Тимчо Муцунски призна дека ВМРО-ДПМНЕ нема изградено 36 градинки и 68 училишта, тој на прашањето на соговорникот рече дека тоа се однесувало на „преземање иницијативи“, а не за готови проекти.
Градоначалникот на општина Валандово и потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов го праша неговиот соговорник градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски кои се тие 36 градинки кои ги направиле неговите колеги од ВМРО-ДПМНЕ за овие 100 дена.
– Јас во моментов што имаме улици за асфалтирање во Валандово, постапката за истите беше почната 2-3 месеци пред локалните избори. Има голема процедура. За капитални проекти како градинки е потребно многу повеќе време. Сметам дека нивниот отчет за 100 дена работа е чиста помпа, му кажа Костадинов на Муцунски во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Костадинов смета дека ВМРО-ДПМНЕ направила голема заблуда со презентирањето на отчетот.
– Едно е комуникациска стратегија, а друго е да се искомуницира чесно. Кај мене во општината има две нови градинки и не смее така да ги воопштувате работите – рече Костадинов.
Тимчо Муцунски призна дека ВМРО-ДПМНЕ нема изградено 36 градинки и 68 училишта, тој на прашањето на соговорникот рече дека тоа се однесувало на „преземање иницијативи“, а не за готови проекти.
Костадинов порача дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста зборуваат за единствено и консензус, а во реалноста блокираат се што е во интерес на државата и граѓаните.
– Не треба едно да зборуваме пред јавноста, а друго да правиме со нашите реални постапки, но Законот со кој се овозможува трансформација на работниот однос на наставниците, на професорите е блокиран. ВМРО-ДПМНЕ блокира закони за кои чувствува дека носат придобивки за граѓаните, така беше и со пакетите помош за граѓаните во време на пандемијата од коронвирусот. Затоа не треба кај нас заложбите за дијалог и за соработка да бидат декларативни и за политички поени. Ние сме на овие функции за да испорачуваме директни резултати кон граѓаните и тоа што на граѓаните им е потребно. Ние мораме пред се граѓанството да го ослободиме од дневното политиканство – посочи Костадинов.
Во однос на работата на општините и нивното финансирање, Костадинов посочи дека се дејствува за зголемување на фискалната децентрализација што ќе обезбеди поголеми средства во општинските буџети.
Потпретседателот Костадинов истакна дека Владата предводена од СДСМ како никоја претхидно им помага на сите општини.
Поддршката, додаде Костадинов е неселективна и тоа се покажува и преку ТАВ програмата и преку програмите на министерствата кои се дел од Владата.