ОД ДЕНЕСКА САМИ ЌЕ СИ ГИ СИМНУВАМЕ РЕШЕНИЈАТА ЗА ИЗОЛАЦИЈА Постапката е иста како за симнување на сертификатите од Вакцинација.мк

Секој што се тестира за ковид-19 треба веднаш по тестирањето да остане во самоизолација додека не го добие резултатот. Ако добие позитивен резултат, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет дена во зависност од тоа дали развил симптоми на болеста.

659

Од денеска решенијата за изолација поради ковид-19 ќе се објавуваат во електронска форма преку порталот Вакцинација.мк и со максимална заштита на приватноста, соопшти Владата.

Владата информира дека согласно нејзината одлука за измена на начинот на достава на решенијата за изолација на лица позитивни на ковид-19 и на нивни контакти, од денеска е во функција платформата на која секој граѓанин кој има потреба да дојде до сопственото решение за изолација ќе има пристап единствено до своето решение без да има увид во податоците на другите граѓани на кои им е издадено решение за изолација.






Пристапот е можен преку банер на веб-страницата на Државниот здравствен и санитарен инспекторат (http://dszi.gov.mk/) кој ве носи до порталот Вакцинација.мк или директно на https://vakcinacija.mk/mk/landing.

Постапката е едноставна. Граѓаните кои до сега немаат креирано профил, ќе треба да се регистираат на Порталот со креирање профил преку кој се овозможува генерирање на решението за изолација кое е дигитално потпишано од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Сите лица кои до сега имаат свој профил на vakcinacija.mk, ќе може да го генерираат решението на ист начин како и сертификатите за ковид-19 вакцинација или за прележан ковид-19.

Од Владата потсетуваат дека секое лице кое се тестира за ковид-19 потребно е веднаш по спроведеното тестирање да биде во самоизолација, сè до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен, останува во изолација уште седум, односно најмалку десет денови во зависност од тоа дали развил симптоми на болеста.

Поврзани содржини