БАЈДЕН И МАКРОН СЕ ДОГОВОРИЈА Ѝ го сврте ли Париз грбот на Москва?
Макрон и Бајден „ја потврдија својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина “, соопшти Белата куќа. Тие, исто така, ја разгледаа „тековната координација и за дипломатијата и за подготовките за наметнување брзи и сериозни економски трошоци за Русија доколку таа дополнително ја нападне Украина“, се додава во текстот.
Францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот лидер Џо Бајден се договорија нивните земји заеднички и координирано да реагираат во случај ако Русија ја нападне Украина. Нивниот договор доаѓа во очи на можната посета на Макрон на Москва за смирување на тензиите во Европа, пишува Франција24.
Макрон и Бајден „ја потврдија својата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина “, соопшти Белата куќа. Тие, исто така, ја разгледаа „тековната координација и за дипломатијата и за подготовките за наметнување брзи и сериозни економски трошоци за Русија доколку таа дополнително ја нападне Украина“, се додава во текстот.
„Претседателот Бајден и претседателот Макрон се согласија дека нивните тимови ќе останат во близок контакт, вклучително и во консултации со сојузниците во НАТО и партнерите од ЕУ, за нашиот координиран и сеопфатен пристап за управување со овие прашања“.
Русија распореди повеќе од 100.000 тешко вооружени војници околу Украина. Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ја обвинуваат Москва дека се подготвува да ја нападне поранешната советска република, која има амбиции да се приклучи кон западните институции, вклучително и НАТО.
Од друга страна, пак, Москва вели дека војниците се таму поради заканите од САД и нивните сојузници Распоредувањето американски војници во Европа е доказ дека Русија има причина да биде загрижена, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– САД де факто продолжуваат да ги зголемуваат тензиите во Европа – рече Песков.
Тој оцени дека распоредувањето војници „е најдобар доказ дека Русија има очигледна причина за загриженост“.
Пентагон претходно соопшти дека 2.000 американски војници ќе бидат испратени од Северна Каролина во Полска и во Германија, а уште 1.000 војници, кои веќе се во Германија, ќе бидат префрлени во Романија.