СЕ ИЗБИРА ПЕСНА ЗА ЕВРОВИЗИЈА Слушнете ги песните и гласајте! (ВИДЕО)

Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи кои се борат да станат национален претставник на песна за Евровизија 2022.

1,879

МРТ вчера ги претстави шесте избрани песни кои се во трка за Евровизија 2022 и тие се ставени на гласање пред македонската публика.

Ris Flower, Кали, Yon Idy, Лара, Виктор и Андреа се избраните пејачи кои се борат да станат национален претставник на песна за Евровизија 2022.






На овој линк може да ги слушнете селектираните топ 6 песни и изведувачи и да гласате за оној кој најмногу ви се допаѓа. Може да се гласа само еднаш за една композиција.

Платформата за гласање ќе биде отворена седум дена од промоција на песните, односно од 28.01.2022 во 22 часот до 04.02.2022.

Вашите гласови се половина од финалниот резултат, а другата половина ќе се добие од гласови на меѓународно стручно жири. Гласовите од онлајн гласањето и гласовите на меѓународното стручно жири ќе бидат претворени во поени, според евровизискиот принцип на гласање (50:50).

Победник ќе биде изведувачот кој ќе освои најмногу поени и тој ќе ја претставува земјата на Изборот за песна на Евровизија 2022 во Торино, Италија. Доколку има изедначен број поени, тогаш предност ќе има мислењето на меѓународното стручно жири.

Поврзани содржини