МАКЕДОНЦИТЕ ОД ОМО „ИЛИНДЕН“ СТАНАА САМО ГРАЃАНИ Се откажува ли Пендаровски од Македонците во Бугарија?
Средбата доаѓа во ист ден кога бугарскиот премиер Петков изјави дека Бугарите во Македонија ќе влезат во македонскиот Устав додека за правата на Македонците во Бугарија нема ни да се дискутира.
Претседателот Пендаровски денеска во претседателската резиденција оствари средба со Македонците од Бугарија, здружени во здружението ОМО “Илинден“. Сепак, во објавата на шефот на државата претставниците не се именувани како Македонци кои живеат во Бугарија, туку само како граѓани од граѓанско здужение.
Средбата доаѓа во ист ден кога бугарскиот премиер Петков изјави дека Бугарите во Македонија ќе влезат во македонскиот Устав додека за правата на Македонците во Бугарија нема ни да се дискутира.
Да потсетиме дека здружението на Македонци во Бугарија ОМО „Илинден“ и покрај повеќе пресуди од Европскио суд за човекови права не може да се регистрира легално во Бугарија и работи како неформална група на Македонците кај нашиот источен сосед.