ПОВЕЛЕТЕ ТАЗЕ МЕКИЦИ Младите од ВМРО-ДПМНЕ донираа за Рашковски (ВИДЕО)

ОД УМС на ВМРО-ДПМНЕ додадоа дека „собраните средства“ ќе ги уплатат на сметките на блиските на Рашковски, со надеж дека, како што рекоа, „со овој мал придонес ќе успееме да ги надополниме сметките на неговите најблиски за неколку милиони денари“.

2,070

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска во центарот на Скопје делеше мекици на случајни минувачи.

– Со оваа наша акција сакаме да му помогнеме на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Македонија. Сега од кога повеќе не е на функција генерален секретар и од кога повеќе не дели мекици за своите деца, неговите приходи се сигурно намалени. Затоа прашуваме: Колку мекици се потребни за купување на плацевите во Струмица од илјадници метри квадратни? Колку мекици се потребни за стекнување со имотот во Побожје? Колку мекици се потребни за стекнување со возило олдтајмер марка „доџ? Колку мекици се потребни за купување на нов луксузен џип „волво? Колку мекици се потребни за стекнување со нови три мотоцикли, БМВ, „хонда и „кавасаки“ – прашаа младите од ВМРО-ДПМНЕ.






Тие додадоа дека „собраните средства“ ќе ги уплатат на сметките на блиските на Рашковски, со надеж дека, како што рекоа, „со овој мал придонес ќе успееме да ги надополниме сметките на неговите најблиски за неколку милиони денари.

Поврзани содржини