ЦИЦИПАС ВО ПОЛУФИНАЛЕ Ќе му се придружи ли Медведев?

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Рафаел Надал (Шпанија) – Матео Беретини (Италија).

287

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас полесно од очекувањата избори пласман во полуфиналето на Австралија опен.

Циципас утрово на Грен слемот во Мелбурн, во четвртфиналето го совлада Италијанецот Јаник Синер со 3-0 (6:3, 6:4 и 6:2) по безмалку два часа игра.






Циципас кој е четврт носител на турнирот, во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Данил Медведев (Русија) – Феликс Оже-Алијасим (Канада).

Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Рафаел Надал (Шпанија) – Матео Беретини (Италија).

Поврзани содржини