ДС ДА ГИ ОБЈАВИ СПИСОЦИТЕ Кои директори министри и советници бесплатно паркирале во Скопје?

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека поради злоупотреби од страна на поранешниот директор, ЈП „Градски паркинзи“ е во загуба.

509

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека директори, министри, советници и луѓе блиски до централната власт паркирале бесплатно преку упад на системот за паркирање со што придонеле  јавното претпријатие „Градски паркинзи“ да должи 33 милиони денари кон Градот. Партијата јавно го повика Демекоратскиот сојуз чиј член е поранешниот директор на „Паркинзи“ да го објави списокот на луѓето кои бесплатно паркирале во Скопје.

Од партијата велат дека е нејасно како едно претпријатието кое нема влезни трошоци и само наплаќа за паркирање остварило загуба колку што добивало субвенции.






-Постојат основани сомнежи дека директори, министри, советници и луѓе блиски до централната власт паркирале бесплатно преку упад на системот за паркирање. Ова значи дека додека граѓаните плаќале скап паркинг, додека градот Скопје со народни пари финансирал недомаќинско работење наместо да гради улици, реновира училишта, некој имал привилегија постојано 24/7 со години да користи бесплатен паркинг, само затоа што бил близок до власта на СДСМ. Ова ли се принципите за декриминализираност кои ги проповедаат функционерите од партијата чиј кадар го водел јавното претпријатие „Градски паркинг“? – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму констатираат и дека ова е класичен случај за обвинителството, доколку имавме правна држава, а не правен параван кој штити криминал на власта.

– Јавно го повикуваме Демократскиот сојуз кој во моментов е панцир за заштита на криминалот на СДСМ и ДУИ да каже што се крие зад сомнежите за злоупотреби во градскиот паркинг, кои се лицата на списоците за слободно паркирање? Демократскиот сојуз е дел од власта на СДСМ за да користи привилегии и штити криминал – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини