ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ Е ДОБАР ПОТЕГ Силјановска Давкова вели дека СДСМ во 2017 не даде поддршка за една Изборна единица
Силјановска Давкова истакна дека треба експертите да кажат и со научни аргументи и да се дојде до заедничко решение затоа што бројот на пратениците од помалите партии е многу важен за парламентарната демократија, а тие партии и пред овие избори инсистираа на вакво решение.
Професорката и пратеник во Собранието, Гордана Силјановска Давкова вечерва во гостувањето во ТВ21, во врска со денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ за промена на изборниот модел, истакна дека ваквата негова изјава е политички добар потег, затоа што е важен за парламентарната демократија, а СДСМ само декларативно има став за, ама во 2017-та не даде поддршка за промена на изборниот модел.
Политички добар потег е новата изјава на Христијан Мицкоски за промена на изборниот модел, во многу држави е дури и уставна материја и не случајно за да не може лесно да се менува, ние говориме за промената на изборниот модел секогаш пред избори, што е погрешно, ова е важно прашање кое помалите партии го сметаа за важно, да има една изборна единица, вели Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова истакна дека треба експертите да кажат и со научни аргументи и да се дојде до заедничко решение затоа што бројот на пратениците од помалите партии е многу важен за парламентарната демократија, а тие партии и пред овие избори инсистираа на вакво решение.
Силјановска Давкова вели дека СДСМ само декларативно дале поддршка за вакво решение дури во 2017 година кога ова прашање се најде на дневен ред, од СДСМ немало поддршка за истото, вели пратеничката.
Пратеничката Гордана Силјановска Давкова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 одговори дали ќе има промена во изборниот модел.
– Во 2017 година декларативно беше, но кога се најде прашањето на дневен ред не видов поддршка од СДСМ бидејќи и самата сум сведок на настаните што се случуваа непосредно пред да се отвори ова прашање – вели Силјановска-Давкова.
Според неа, големите партии генерално бегаат од една изборна единица.
Пратеничката потсети и дека само две држави во светот имаат една изборна единица, а исто така одговори дали е потребна техничка Влада 100 дена пред избори.
– Технички Влади има во повеќе држави, не личат на нашите Влади. Техничка Влада по дефиниција значи експертска влада, најчесто се тоа врвни бирократи ама бирократијата е неутрална, стручна и компетентна. Кај нас има некои изуми бидејќи ние сме „чудо“ кое што треба да престане еднаш, туку треба да станеме стандардни, тоа се луѓе кои треба независно, објективно според Уставот и законите да ги спроведат изборите. Глупостите од типот дополнителен министер со право на мето/вето и слично се пржински изум – вели Силјановска-Давкова.
Пратеничката истакна дека нема ништо против тоа да има премиер Албанец, но треба да се почитува законот.
– Не знам за што се договарале, јас сум легалист. Законот мора да го препрочитаат сите законот за Владата, таа измена и таму пишува дека 100 пред изборите кандидат за премиер предлага партијата од власта што има најмногу пратеници значи тоа да си го имаат во предвид, ако мислат повторно да прават некоја измена – додава Силјановска-Давкова.
Таа посочи дека има извонредни министри Албанци, како и пратеници, а особено пратенички.
– Далеку подобри се од пратениците Албанци, позабележителни и од ДУИ, Алијанса исто така – додава Силјановска-Давкова.
– Алијансата и на изборите и сега, Алијанса е во опозиција. Тие од 2017 година досега се во опозиција, според тоа граѓаните нив легитимитетот им го дале во битката против власта. Да не заборавите дека имаше повеќе средби меѓу Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ во коишто тие разговараа за една идна битка. Од тој аспект ако зборувате идеолошки нашите партии се дезидеологизирани или како што ги нарекуваат во науката „фати го секого, заведи го“ најчесто коалициите се како да мешате вода и масло, невозможно – вели пратеничката Гордана Силјановска Давкова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.
Таа вели дека го виделе тоа по последниот експеримент на претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.
– Тие не разговараа за реформи во образованието, за реформи во здравството, за поинаков пристап во социјалната заштита туку за министерски места, заменички места, за директорски, за вработувања, што би била пазарна политика што мене ме разочара“, додава пратеничката.