НАДМИНАВМЕ 2.000 НОВОЗАРАЗЕНИ Починале седум, а 276 лица повторно се инфицирале
Од новозаразените, 276 се лица кои повторно се заразуваат со вирусот, по претходно прележување.
Македонија е во пикот на новиот бран со омикрон-сојот. За само едно деноноќие се заразиле 2.051 човек, од кои 1.027 се од Скопје. Во последните 24 часа, речиси секој трет тест од 6.353 тестирања бил позитивен. Починале седум, а оздравеле 747 пациенти. Од новозаразените, 276 се лица кои повторно се заразуваат со вирусот, по претходно прележување, велат податоците од ИЈЗ.
Одејќи по градови, следна е Битола со 170 случаи, Прилеп со 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2, Дебар, Виница и Дојран – по 1.
Од седуммината починати две се од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Сите се починати во болнички услови.
Од 747 оздравени пациенти од Скопје се 473, Битола – 47, Куманово – 39, Охрид – 30, Кавадарци – 29, Прилеп – 27, Гостивар – 18, Велес – 13, Струга – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Струмица, Делчево и Ресен – по 6, Кочани – 5, Радовиш и Виница – по 4, Крушево и Пробиштип – по 3, Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2, Кичево, Валандово, Богданци и Дојран – по 1.
Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се седум починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи три се починати во болнички услови и четири се во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.