БУБЕВСКИ НА ЧЕЛО НА СКОПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО По половина година избран наследник на Рајчев

Бубевски доаѓа на местото на Сашо Рајчев кој ја напушти позицијата откако беше избран за виш јавен обвинител.

350

Обвинителот Гаврил Бубевски денеска е избран за шеф на скопското обвинителство.

Тој се споменувал и како наследник на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој се очекува да биде избран за Уставен судија.






Бубевски доаѓа на местото на Сашо Рајчев кој ја напушти позицијата откако беше избран за виш јавен обвинител. Скопското обвинителство без шеф беше половина година.

Поврзани содржини