АТЕНТАТ СО 50 КУРШУМИ ВО ГРАДИТЕ НА НОВАК Се гледаме во Париз, порача таткото на Ноле
Најдобриот светски тенисер доби налог уште вечерва по австралиско време да ја напушти државата без да добие можност да преспие по исцрпувачкиот ден во судот.
Таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ е меѓу најразочараните од конечната одлука за депортација на свескиот тенисер од Австралија, а со тоа и неучеството на гренслем-турнирот во Мелбурн.
„Со ова, заврши обидот за атентат врз најдобриот светски спортист и тоа со 50 куршуми во градите на Новак. Но и покрај тоа, тој му даде поддршка на младиот 17-годишен тенисер кој ќе го замени. Ете, тоа е нашиот Ноле, човек, брат. Се гледаме во Париз“, напиша Срѓан Ѓоковиќ на Инстаграм.
Најдобриот светски тенисер доби налог уште вечерва по австралиско време да ја напушти државата без да добие можност да преспие по исцрпувачкиот ден во судот.