ЕЧИ „ПОСЛУШАЈТЕ ПАТРИОТИ“ ВО ДЕБРЕЦИН Аце Јоновски на свој начин ги тренира ракометарите (ВИДЕО)
На официјалната Фејсбук страница на Ракометната федерација на Македонија, објавено е видео на кое се гледа како ракометарите вежбаат и прават склекови, додека во позадина ечи народната песна „Послушајте патриоти“.
Македонските ракометари во одлична атмосфера го очекуваат денешниот натпревар против Словенија (18 часот), со кој ќе го отворат настапот на Европското првенство 2022.
На официјалната Фејсбук страница на Ракометната федерација на Македонија, објавено е видео на кое се гледа како ракометарите вежбаат и прават склекови, додека во позадина ечи народната песна „Послушајте патриоти“.
Сесијата ја водеше Ацо Јоновски, во ситуација кога кондицискиот тренер, Петар Баснарков остана во Скопје, поради позитивен ковид-тест.