ПОСКАПУВАЊЕТО НА ХРАНАТА Е РЕЗУЛТАТ НА ЛОШОТО ВЛАДЕЕЊЕ НА СДСМ Од ВМРО-ДПМНЕ повторно побараа предвремени избори
Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека само со предвремени избори ќе може да се пронајде решение за кризата во која се наоѓа земјата.
За само една година споредено декември 2020 година, со декември 2021 година, цените на храната се драстично зголемени. Според податоците објавени од страна на Државниот завод за статистика, цената на лебот сега е за 9.3% поскапа од минатата година. Исто ниво на покачување има и кај шеќерот чија цена скокнала 9.3%, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„Најголемо покачување имаме кај маслото за јадење, кое за една година поскапи за 25.1%. Во услови кога владата е неспособна растат и цените на овошјето и месото, кои доаѓаат од увоз, а тоа произведено од нашите земјоделци скапува по нивите. За една година цената на овошјето и зеленчукот е зголемена за 6.5%, додека цената на месото е поголема за 5.7%. Маслото за јадење, месото, лебот, шеќерот и овошјето и зеленчукот се основни намирници, кои секое домаќинство ги користи, кога цените на овие производи растат погоден е секој еден човек“, велат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот дека само со предвремени избори ќе може да се пронајде решение за кризата во која се наоѓа земјата.