ДАЛИ НОВАК ЈА ИЗЛАЖАЛ ГРАНИЧНАТА ПОЛИЦИЈА? Австралиската влада започна истрага, се проверуваат сите документи (ФОТО+ВИДЕО)

Се шпекулира дека Новак се подготвувал во Марбеља, Шпанија, пред да пристигне во Мелбурн, поради што е доведен во прашање неговиот настап на Австралија опен, без разлика што Судот ја прифатил неговата жалба и што почнал да тренира.

1,383

Австралискиот министер за миграција Алекс Хок сѐ уште ја разгледува одлуката за депортација, а за тоа време американскиот новинар Бен Ротенберг на јавноста и ги презентираше документите до кои дошол во врска со „неправилностите“ што можел да ги направи Новак, а кои сега се истражуваат.

 






Имено, како што наведува американскиот новинар во своите твитови, Србинот е обвинет дека лажел во документите, односно дека никаде не патувал 14 дена пред да влезе во Австралија.

Се шпекулира дека Новак се подготвувал во Марбеља, Шпанија, пред да пристигне во Мелбурн, поради што е доведен во прашање неговиот настап на Австралија опен, без разлика што Судот ја прифатил неговата жалба и што почнал да тренира.

Србинот во периодот од 23 декември до 6 јануари, од Белград отпатувал за Шпанија, каде на 31 декември тренирал во Марбеља.

Како доказ за тоа можат да се земат и бројните извештаи на медиумите од Шпанија во тие денови, но и видео кое беше објавено на Твитер на една тамошна академија на денот кога Ѓоковиќ тренираше таму.

 

Што значи сето ова – во случај да се докаже дека имало неправилности, односно дека Новак лажел, може да биде депортиран, па дури и да добие неколкугодишна забрана за влез во Австралија.

 

Кабинетот на министерот Хок денеска излезе со кратко соопштение.

– Во согласност со правилата, министерот Хок детално ќе го испита случајот. Со оглед на тоа што се работи за отворен случај, несоодветно е да се даваат дополнителни коментари – велат од таму, неофицијално потврдувајќи дека одлуката нема да биде објавена денеска.

Сега сѐ е на разгледување и конечната одлука ќе ја донесе министерот за имиграција, Алекс Хок.

Поврзани содржини