ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА Владата ќе обезбедува дополнителни количини струја

652

Владата на својата Фејсбук страница објави дека ги донела Одлуките за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот и за одобрување на тие средства од Буџетот за 2021 година за реализација на мерките за справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

„Одлуките се донесени за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија“, се наведува во објавата.






Дополнително, Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја и одобри да се изврши пренамена на средства од други буџетски ставки каде што има неискористени средства за исплата на долговите за кон добавувачите на електрична енергија.

„Овие одлуки, како и препораките до институциите на локалната самоуправа, до Собранието и до Канцеларијата на Претседателот на државата, имаат за цел да го помогнат снабдувањето со електрична енергија кое се остварува преку комерцијалните добавувачи“, велат од Владата.

Поврзани содржини