НА ЃОКОВИЌ МУ ЈА ЗАБРАНИЈА И СРЕДБАТА СО СВЕШТЕНИКОТ Вината за хаосот е кај организаторот на турнирот
Сакаме да ја известиме јавноста дека денеска, на деот кога спрските православни верници го слават христовото раѓање, старешината на храмот Света Тројца во Мелбурн протојерејот-ставрофорот Милорад Лончар, беше одбиен од австралиските погранични власти во молбата да го посети Новак Ѓоковиќ, известија од СПЦ.
Австралиските власти не дозволија во текот на денешниот ден, кога дел од православните христијани го празнуваат Божиќ, Новак Ѓоковиќ да биде посетен од свештениците на СПЦ во Мелбурн.
– Сакаме да ја известиме јавноста дека денеска, на деот кога спрските православни верници го слават христовото раѓање, старешината на храмот Света Тројца во Мелбурн протојерејот-ставрофорот Милорад Лончар, беше одбиен од австралиските погранични власти во молбата да го посети Новак Ѓоковиќ. Образложението вели дека не е дозволен влез во притворниот дел од објектот за мигранти, поради рестрикциите против ковид-19 кои се на сила – се вели во соопштението на австралиско-новозеландската епархија на СПЦ.
Новак Ѓоковиќ се обиде невакциниран да настапи на Австралија Опен, каде со девет титули е апсолутно најуспешниот тенисер во историјата на овој турнир.
Во моментов се разгледува неговата жалба, во која тој бара поради здравствени причини да биде иземен од правилото за вакцинација, како услов за влез во Австралија.
Инаку во меѓувреме се појави и писмото од Тениската федерација на Австралија, кое им било испратено на тенисерите, а со кое се известуваат можните учесници на турнирот во Мелбурн дека право на настап ќе имаат сите партиципанти кои го прележале вирусот во изминативе шест месеци, без разлика дали се имунизирани.
A letter sent by Greg Hunt to Craig Tiley at the end of November shows the health minister warning Australian Open officials that a recent infection would not grant players an exemption pic.twitter.com/o2PxDfNUN5
— Space-reporter-news (@Spacereportern1) January 6, 2022